Линкови за пристапност

Анкета на ИРИ:  ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг


Владеачката ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред ривалот, опозициониот СДСМ. На трето место е ДУИ, а веднаш по неа ДПА. Ова е резултатот на последото истражување на јавното мислење што го спроведе Меѓународниот републикански институт - ИРИ. 29% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, 11% би го дале гласот за СДСМ, 10% за ДУИ и 8% за ДПА.

Според анкетата, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на претходното истражување спроведено минатиот декември се зголемил за 3%, исто како и на ДПА.

Популарноста на СДСМ во јавноста останала иста, на ДУИ бележи пад за 1%, што е случај и со НСДП, чиј рејтинг сега е 1%, исто како и на ДОМ.

Анкетата на ИРИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има највисок рејтинг во четвртата изборна единица со 44,3%, а СДСМ во првата изборна единица со 17,8%. ДУИ во шестата изборна единица има поддршка од 29,3%, а ДПА 25,8%. НСДП и ДОМ имаат поддршка од 1% од испитаниците. Со анкетата биле опфатени 1.108 испитаници, а била спроведена во периодот од 11-ти до 15-ти април годинава.

XS
SM
MD
LG