Линкови за пристапност

Буш на Северноамериканскиот самит побара нови преговори за договорот НАФТА


Американскиот претседател Џорџ Буш вели дека сега е време повторно да се преговара за Договорот за слободна трговија во Северна Америка, познат под кратенката НАФТА.

Буш ова го порача синоќа на крајот на дводневниот Северноамерикански самит во Њу Орлеанс, на кој учествуваа и претседателот на Мексико Фелипе Калдерон и премиерот на Канада Стивен Харпер. Американскиот претседател рече дека и САД, и Канада, и Мексико имале корист од НАФТА и дека договорот тројно ја зголемил трговијата. Тој на прес-конференцијата воедно го повика американскиот Конгрес да го одобри договорот за слободна трговија со Колумбија. Буш рече дека со колегите разговарал и за глобалното затоплување. САД, рече Буш, се за ефективен климатски договор што ќе вклучи исполнување на обврски од сите поголеми развиени и земји во развој.

XS
SM
MD
LG