Линкови за пристапност

Едно евро – долар и 60 центи


Еврото се менуваше за еден долар и 60 центи по извештаите дека европски официјални лица може да ги зголемат каматните стапки, а новите податоци покажуваат дека се влошува ситуацијата на американскиот пазар на домување.

Ова е најниско ниво на доларот споредено со еврото откако единствената европска валута беше воведена во 1999-та.

Цената на нафтата се пресметува во долари, така што падот на валутата придонесе да зголеми цената на нафтата на највисоко ниво – на 119 долари за барел.

Еден фактор за падот на доларот е новиот извештај што покажа повторно опаѓање на цената и продажбата на домови во САД минатиот месец.

XS
SM
MD
LG