Линкови за пристапност

Нови тензии во етички-албанскиот политички блок


Во кумановското село Оризаре рано утрово во 04:30 часот биле запалени канцелариите на ДПА.

Според полицијата, повеќе лица го искршиле прозорското стакло на канцелариите на ДПА, а откако влегле внатре, го запалиле инвентарот. Сторителите во воздух испукале и неколку куршуми од автоматски пушки. Инвентарот во канцелариите на ДПА во село Оризаре е целосно изгорен, но нема повредени лица. Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Другиот инцидет се случил во гостиварското село Форино. Рано изутрината во дворот на куќата на поранешниот пратеник и заменик-министер за одбрана Талат Џафери била активирана експлозивна направа.

Од експлозијата нема повредени, но е оштетен излогот од продавница во неговата куќа, како и две возила во сопственост на Џафери. Од МВР велат дека според првичните сознанија, најверојатно се работи за рачна бомба. Засега нема реакции за двата инцидента ниту од ДУИ, ниту од ДПА.

XS
SM
MD
LG