Линкови за пристапност

ДУИ и ДПА меѓусебно се обвинуваат за инцидентите во Форино и Оризаре


Два нови ициндети ја подгреаа и онака жешката предизборна атмосфeра, особено во реалциите на двете етнички албански полтички партии ДУИ и ДПА.

Едниот инцидент се случи кога во дворот на поранешниот заменик-министер за одбрана од редовите на ДУИ,Талат Џафери, во гостиварското село Форино, беше фрлена еклозивна направа што причини материјална штета.

Другиот инцидент се случи во кумановското село Оризаре каде била запалена кацеларијата на ДПА.

Двете партии меѓусебно се обвинија за инцидентите.

Талат Џафери вели дека зад фрлањето на екслозивна направа во неговиот двор стои заменикот-министер за внатрешни работи Рефат Елмази. Талат Џафери им постави ултиматум на своите соселани во рок од 48 часа да се откажат од политиката на ДПА. Во спротивно, тој најави дека ќе се пресмета со нив.

- По истекот на 48-те часа јас мислам дека ќе треба да имам работа со секој од нив кој нема да се дистанцира од таквото нешто, рече Џафери.

Елмази, но и Мендух Тачи одбија да ги коментираат обвинувањата. Тие ја обвинија ДУИ за палењето на кацеларијата на ДПА во Оризаре.

- Ова е еден кукавички чин на активистите на ДУИ, рече Насер Даути од ДПА.

ДУИ реагираше на овие обвинувања.

- Премиерот во оставка ја пропушти можноста да реагира по јавните изјави на неговиот партнер, претседателот на ДПА, господинот Мендух Тачи, кој отворено се закани со употреба на сила во текот на кампањата за парламентарните избори, нарекувајќи го изборниот процес касапаана, стои во реакцијата на ДУИ.

Владата ги осуди инцидентите и соопшти дека секое кршење на изборниот процес ќе биде, како што се вели, жестоко санкционирано.

XS
SM
MD
LG