Стопанската комора на Македнија вчера писмено им се обрати на своите грчки колеги. Во писмото до Унијата на грчките трговски и индустриски комори, претсeдателот на комората Бранко Азевски апелира до неговиот колега Касиматис, да се заложи за да се елиминираат бариерите што ја кочат економската соработка. Се бара итна средба меѓу двете страни.
-Пред се трпат поединци кои се на директен удар со такви појави, а второ се создава една клима, но и недоверба и неизвесност што можат да влијаат на пренасочување на текови на стоки, изјави Љубица Нури, Стопанска Комора на Македонија.
Меѓу проблемите на кои се жалат бизнисмените се и нередовното работење на солунското пристаниште. Освен забраната за прелети на МАТ, Грција го запре и увозот на македонското јагне.
Властите во Скопје, денеска, најавија дека ќе ги алармираат сите меѓународни институции и побараа јужниот сосед да не ја меша економијата со политиката. Апелрираме до властите на нашиот јужен сосед да остават економијата да биде економија а полит иката политика ,изјви вчера портпролот на македонската Влада Ивица Боцевски.