Линкови за пристапност

Нафтените цени рекордно високи додека министрите за нафта дебатираат


Владини министри за енергија на државите богати со нафта и извршни директори на меѓународни нафтени компании се на тридневен собир во Рим.

Учесниците на собирот во Рим се чини дека не се согласуваат за тоа што е причина за порастот на цената на нафтата. Шефот на Меѓународната агенција за енергија, Нобуо Танак,а предупреди дека сегашните цени, со рекордни 117 долари за барел, се премногу високи за сите потрошувачи, но особено тешко им паѓаат на земјите во развој.


Зборувајќи на биеналната Меѓународна конференција за енергија, Танака кажа дека проблемот не е под земја, туку над земја. Тој додаде дека подобра инфраструктура и и постабилна политика во земјите производители се важни за зголемување на капацитетите и ја нагласи потребата за инвестиции.

Но, ОПЕК и државите членки остануваат на тоа дека зголемените капацитети имаат мало влијание. Иранскиот министер за нафта, Голам Хусеин Нозари, кажа дека снабдувањето е повеќе од доволно. Тој додаде дека други работи имаат влијание на цените на нафтата, како доларот, на пример.


Генералниот секретср на ОПЕК, Абдала Салем ал-Бадри, кажа дека групата е подготвена да го зголеми производството доколку притисокот од цените се должи на недостиг на резерви – но тој исто така се сомнева дека тоа е случај:

-Заедничко сознание е дека сегашните цени немаат ништо заедничко со понудата и побарувачката.

Шефот на ОПЕК кажа дека повеќе нафта нема да го реши проблемот. Ал Бадри додаде дека производното ниво на ОПЕК е само еден од многуте фактори, додека другите се политичката ситуација, шпекулации на пазарот, трудови прашања и природни катастрофи.


Поранешниот италијански премиер Романо Проди зборуваше за тоа што него го загрижува:

Тој вели дека се случува судир меѓу храната и горивото, со катастрофални социјални последици. Тој додава дека владите не може да се пасивни додека тоа се случува.

XS
SM
MD
LG