Линкови за пристапност

Шефер сака да ја види Македонија во НАТО


Генерaлниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денес во Скопје повика Македонија до 9-ти јули да најде решение за проблемот со името со Грција и да го потпише протоколот за пристапување кон НАТО заедно со Албанија и Хрватска:

- Можете да направите две работи - да гледате назад со лутина и да гледате напред. Сакам на 9-ти јули, кога Албанија и Хрватска ќе го потпишат протоколот за пристапување кон НАТО, на масата да имаме и трета нација - вашата, порача првиот човек на Алијансата.

Шефер по средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски рече дека негова лична амбиција е Македонија да ја види во НАТО:

- Сметам дека евро-атлантските интеграции се клучни за стабилноста на овој регион, изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер.

Тој изрази надеж дека предвремените парламентарни избори на 1-ви јуни ќе бидат слободни и фер, а по нивното одржување ќе продолжат преговорите за името.

XS
SM
MD
LG