Линкови за пристапност

Македонија бара објаснување од Грција за забраната за МАТ


Македонската влада бара објаснување од грчките воздухопловни власти за одлуката со која го затворија небото за авиокомпанијата МАТ, барајки таа да го смени името. Во дописот што Министерството за надворешни работи го упати до официјална Атина исто така се изразува надеж дека таквата одлука на грчките воздухопловни власти ќе биде отповикана.

- Оваа одлука не само што е во спротивност со основните човекови права, со документите на ОН, со повелбите и оснивачките акти на ЕУ, туку е во спротивност и со добрососедските односи меѓу двете земји и народи, изјави Ивица Боцевски, портпаролот на Владата.

Владата за истото ќе ги извести сите институции на Европската унија. Забраната за прелети на авионите на МАТ над грчка територија уследи откако компанијата побара одобрување за чартер-летови до неколку грчки острови во текот на летната сезона. Инаку, по самитот во Букурешт, Грција го забрани и увозот на јагниња од Македонија. Од друга страна, во Македонија по самиот во Букурешт граѓаните се` помасовно ги бојкотираат грчките производи, а се откажуваат и туристичките аранжмани во Грција

XS
SM
MD
LG