Линкови за пристапност

Државната комисија за спречување на корупцијата го презентираше извештајот за 2007-ма


- Особено успешна е работата на новата државна Програма за превенција и репресија на корупцијата, а поврзано со јавно објавување на податоците од анкетните листови, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Мирјана Димовска на презентацијата на Извештајот за работата на Комисијата за 2007-ма. Според неа, остварен е и значаен придонес во реализирањето на задачите од врвен приоритет за процесот на интеграција на Македонија во евроатлантските институции.

Претседателката Димовска презентираше дека Антикорупциската комисија постапувала по 30 предмети од кои 19 се решени, а 11 кои се се во тек се во сферата на судир на интереси, но таа потенцираше дека минатата година се поднесени рекордни 1.114 пријави.

Антикорупциската комисија до надлежните судови поднела 55 барања за поведување прекршочна постапка против лица кои не доставиле анкетен лист, а поднела и осум иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, откако била спроведена постапка за утврдување на одговорност на избрани или именувани функционери, службени или одговорни лица во јавни претпријатија, установи и други правни лица што располагаат со државен капитал.

Претседателката Димовска, која како тешка клевета ги оквалификува обвинувањата за нејзиниот наводен нерегуларен повторен избор на функцијата, денес повика и на воздржаност при пласирањето на резултатите на анкетите за рејтинзите на политичките партии спроведени во овој период, заради нивното влијание врз избирачите, и најави дека Комисијата ќе го следи целиот изборен процес на дневна база.

Инаку, според Димовска, Комисијата ќе ги провери обвинувањата за дури 5.000 нови вработувања во јавната администрација.

XS
SM
MD
LG