Линкови за пристапност

Прва посета на Папата Бенедикт на САД


Подготовките за посетата на Папата Бенедикт 16-ти со недели се во тек во најголемата Католичка црква во Северна Америка, овде во Вашингтон.

Во САД има околу 67 милиони Католици или околу 22 проценти од американската популација.

Папата ќе наиде на голема разноликост кога ќе допатува. Речиси 30 проценти од американските Католици се со јужноамериканци и нивниот број и натаму расте.

На католичкиот Универзитет во Америка, илјадници студенти долго чекаат во редици да билети за да го гледаат настапот на Папата на голем екран.

Џејмс Бренан е универзитетски проректор:

-Се чувствува возбуда. Меѓу студентите, таа растеше во текот на целиот семестар. Насекаде по кампусот за тоа се зборува.

Бенедикт беше избран за Папа пред три години. Претходно, кардиналот Јозеф Рацингер беше познат како чувар на Бога, поради неговата функцијата како конзервативен поборник на црковната доктрина на Ватикан.

Оттогаш, имиџот за него е омекнат, особено по неговите написи во кој ја потенцираше христијанската надеж и љубов.

Студентите на Католичкиот Универзитет велат дека со возбуда ја очекуваат посетата на Папата на нивниот кампус. Сузан Баумерт студира црковна историја:

-Младите генерации Католици ја поддржуваат неговата порака. Благодарни сме за неговото стојалиште за многу прашања и одлично ја врши работата.

По првата јавна миса во Вашингтон, Папата Бенедикт ќе направи и официјална посета на Белата куќа.

Претседателот Буш споделува многу христијански вредности со Папата, но имаат и големи несогласувања, особено во врска со војната во Ирак.

Многу американски Католици се потресени изминатите години со откритијата за сексуални злоставувања на деца од страна на свештеници.

Црквата плати околу 1, 5 милијарди долари за отштета за жртвите од сексуалните напади од црковни лица.

Хелен Алвари претседава со комисијата која истражува испади на свештеници. Таа смета дека Папата треба да проговори за скандалот:

-Како Католик, како некој кој работел на проблематиката и како мајка, мислам дека за ова треба јавно да се разговара. Не може многу да кажете за загубата на децата и семејствата која ја чувствуваат.

Папата Бенедикт 16-ти, кој е родум од Германија, се очекува да зборува и за други контроверзни теми, како абортусот, контрапцепцијата, прифаќањето на мажи жени во брак, во свештенството.

Се планира тој да одржи миси на два стадиона за безбол. Во Њујорк ќе посети Синагога, а ќе се обрати и во ОН.

XS
SM
MD
LG