Групата на седумтемина финансиски шефови денес се среќаваат во Вашингтон да дискутираат за заканите што произлегуваат од забавувањето на економијата, растечката инфлација и турбуленциите на финансискиот пазар.
Претставниците на САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и канада исто така треба да разговараат за подобра регулација на финансиските пазари.
Овде, во Вашингтон се и други економски официјални лица, вклучувајќи ги и лидерите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка. На средби во сабота и недела тие треба да разговараат за економски прашања меѓу кои и за зголемените цени на храната што предизвика протести во некои земји во развој.