Буш најави од Белата куќа дека ќе му даде време на неговиот главен командант во Ирак колку што му е потребно за евалуација на безбедносната ситуација во Ирак:
-Генералот Петреус рече дека му е потребно време за консолидирање на силите и да процени како намалување на американското присуство на теренот ќе се одрази пред да се изнесат препораките за понатамошно редицирање на силите. Му реков дека има време колку што му е потребно
Ваквиот став ја остава можноста 140.000 американски војници во Ирак да се наоѓаат се уште во земјата по изборот на новиот американски претседател во ноември.
Претседателот рече дека зголемувањето на цифрата на американски војници пред 15 месеци има добри резултати во намалување на секташкото насилство и на цивилни и жртви меѓу американските војници.
Буш ја намали и мисијата на американските војници од 15 на 12 месец, со цел да се олабави протисокот врз армијата од проширените разместувања на трупи ширум светот.
-Нашата нација им должи специјална благодарност на војниците и семејствата кои го поддржаа проширеното распоредување. Им должиме голема благодарност на сите кои служат за каузата на слободата во Ирак.
Како одговор на говорот на Буш, спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека војната ги одвлекла САД од како што рече – вистинската војна против тероризмот во Авганистан.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Хари Рид, рече дека војната ги чини даночните обврзници по 5000 долари во една секунда, трошок, кој како што рече, не ги направил Американците побезбедни.