Линкови за пристапност

Во Ирак „фрустрирачки-бавен“ политички напредок


Уште еднаш зборовите „кревок“ и „повратен“ беа доминантни во сведочењето. Главниот коалиционен командант, генералот Дејвид Петреус“ кажа дека тоа е причината што не сака да вети никакво натамошно повлекување на американските сили по последната група од 20 илјади трупи од „напливот“, и завршувањето на нивната служба во јули:


-Тоа е, уште еднаш, причина што командантите на теренот, и јас, предложивме нашето намалување да биде базирано на условите. Како што амбасадорот и јас веќе кажавме, има големи импликации овде за безбедноста и сигурноста на нашата сопствена земја, во врска со ал-Каида, во врска со ширењето на секташкиот конфликт, регионалната стабилност, иранското влијание и така натаму.

Вчера генералот Петреус откри дека предложил 45 дневен период на консолидација започнувајќи во јули, по оценката за тоа дали ќе може да бидат повлечени повеќе американски трупи. Аналитичарите велат дека тоа значи оти во Ирак, во текот на најголем дел од оваа година, ќе има близу 140-илјади војници, вклучувајќи го и периодот околу претседателските избори и транзицијата кон новата администрација.


Генералот Петреус и амбасадорот Рајан Крокер зборуваа за значаен напредок кај ирачките безбедносни сили, и, како што го нарече амбасадорот - понекогаш „фрустрирачки бавен“ политички прогрес:


-Заклучокот што го изведувам од овие знаци на напредок е дека стратегијата што започна со напливот, дава резултати. Тоа не значи дека американската поддршка треба да биде неограничена или дека нивото и природата на нашиот ангажман не треба да се намала со време.

Претседателот Буш ќе даде свое видување на извештаите на Крокер и на Петреус во четврток, при што ќе го каже и својата одлука за тоа каква ќе биде американската политика во однос на Ирак во следните месеци.

XS
SM
MD
LG