Линкови за пристапност

Буш се врати од Европа со полупразни раце


Тој пристигна дома синоќа по самитот со рускиот претседател Владимир Путин во одморалиштето Сочи на Црното Море.


Двајцата лидери потпишаа спогодба што тие ја нарекоа документ за нивните наследници. Претседателот Буш кажа дека таму се наброени постигнувањата на двете земји за последниве седум години.

Но таму не е вклучена руската поддршка за американските планови да постават одбранбени проектили и радар во Полска и во Чешката република.

Сепак, господинот Буш кажа дека рамковната спогодба дава поддршка на идејата Москва и Вашингтон да соработуваат на планот на против-ракетен систем.

Господинот Путин кажа дека верува оти господинот Буш ја сфаќа загриженоста на Русија за ракетниот систем и опозицијата на Кремљ за проширувањето на НАТО.

Претседателот Буш дојде во Сочи по минатонеделниот самит на НАТО во Букурешт. Тој не успеа да ги убеди лидерите на Алијансата да го отворат процесот за членство на Грузија и Украина, двете поранешни советски републики. Но тој доби поддршка од НАТО за ракетниот систем.

Во Сочи, тој се сретна и со новиот руски претседател Дмитри Медведев, кој ќе ја преземе функцијата во мај, и средбата ја нарече исклучително позитивна.

XS
SM
MD
LG