Линкови за пристапност

Дискусија во Вудроу Вилсон:  проширувањето на НАТО во опасност – проблемот со разликите меѓу Скопје и Атина


Според Геролиматос, кој раководи со истражувачки институт за Југоисточна Европа на Универзитетот, ова е важно прашање што ги засега владите и во Скопје, и во Атина. Ако не се најде решение до самитот на НАТО, тој предупреди дека обете влади би можеле да ја загубат довербата и да уследат вонредни избори во обете земји.

Геролиматос истакна дека Грците се врзани за културното наследство и направи ретроспектива на грчката историја и култура од дамнешни времиња. Поранешната амбасадорка на Република Македонија во САД Ачевска подвлече дека треба да се гледа кон иднината, а минатото да им се остави на историчарите. Ачевска во контест на проширувањето на НАТО потсети на Привремената спогодба од 1995-та, односно одредбата да не се попречуваат евро-атланските интеграции.

Кои би биле дипломатските последици ако Република Македонија по евентуалното вето од грчка страна, излезе од преговорите и побара директно од ОН да го признаат нејзиното уставно име?

- За последиците во регионот, сметам дека и САД и владата во Скопје ќе ги влошат односите со Грција. САД не може да си дозволат да загубат сојузник во регионот, изјави Геролиматос.

Ова е ставот на Анчевска на истото прашање:

- Исто така ќе создаде поголем хаос во регионот. Конгресната служа за истражување наведе дека влезот на Албанија, Хрватска и Македонија ќе помогне да се стабилизира регионот. Ако се случи вето од грчка страна и Македонија е принудена да се обрати до ОН, мислам дека повеќе земји ќе го признаат уставното име, но ќе создаде хаос, дури и во самото НАТО, истакна Ачевска.

За Ачевска е ирационална дилемата - влез во НАТО или промена на името, коментирајќи - колку повеќе Балканот е во НАТО, толку помалку Алијансата ќе има безбедносни обврски во регионот.

XS
SM
MD
LG