Линкови за пристапност

Буш: Ирак со акцијата во Басра докажува дека се грижи за граѓаните


Претседателот Буш вели дека престрелките во Басра покажаа дека напредокот на ирачките безбедносни сили е поради дополнителните 30.000 американски војници во Ирак - како едногодишно засилување во земјата:

-Ирачките безбедносни сили се наоѓаат во тешка битка со поравојската и криминалци во Басра. Многумина од нив добиваат оружје и обука од Иран. Премиерот Малики зазеде цврст став – да ги гони илегалните групи во Басра и да покаже лидерство и определба за почитувањето на владеењето на правото.

Претседателот Буш смета дека тоа е уште еден доказ за ирачкиот народ дека нивната влада стои на заложбата да ги – заштитува:

-Ќе биде потребно одредено време да биде комплетирана акцијата, а непријателот ќе се обиде да ги наполни вестите на телевизија со насилство. Но, ултимативниот резултат ќе биде: терористите и екстремистите во Ирак ќе знаат дека нема место за нив во слободно и демократско општество.

Претседателот уште еднаш ги повика Сирија и Иран да престанат да го поддржуваат насилството и тероризмот во Ирак.

Ова е втор од серијата говори на Буш спроти најавениот извештај за напредокот во Ирак во правец на стабилизирање на безбедносната состојба, што следниот месец треба да го презентираат американскиот амбасадор во Багдада Рајан Крокер и главниот американски командант во Ирак, Дејвид Петреус.

Тој индицираше дека штом ќе дојде до намалувањето на бројката американски војници на 140.000, колку што се наоѓа во земјата пред да бидат испратени дополнително 30.000, ќе размисли за евалуација на состојбата дали да уследи понатамошно повлекување.

Претседателот Буш рече дека внимателно ќе ги разгледа советите на командантите на теренот, пред да донесе одлука за потамошно намалување на бројот американски војници во Ирак:

-Очекувам напредок, но знам дека секој прогрес во Ирак е реален, суштински, но и реверзибилен. Принципот од кој ќе се водам при донесување на одлуката за бројката на трупи во Ирак е напредокот кој е постигнат во земјата по зголемувањето на нивниот број.

Претседателот уште еднаш ја поврза војната во Ирак со безбедноста во САД, истакнувајќи дека стратешките интереси на Америка зависат од справување со, како што ги нарече, двојните закани – Ал - Каида и Иран.

XS
SM
MD
LG