Продуктите стануваат помали – чоколадата Херши тежи помалку, тоалетната хартија Скот има помали парчиња, а новата верзија на сапунот Дајал е полесна за 14 грама.
Уредникот на изданието Консјумер Рипорт Тод Маркс вели дека соочени со ризикот да загубат муштерии, некои производители се решаваат на измама – ист продукт – само помалку во него:
-Производителите и продавачите можат да прават што сакаат. Имаме ситуација во која потрошувачите се измамени и ограбени.
Групите за потрошувачки права советуваат купувачите да внимаваат, добро да ги прочитаат налепниците на продуктите, а и да се ценкаат.
Историчарот Роберт Спектор коментира дека се` повеќе компании, како Бест Бај, Сиркут Сити и Хоум Дипо се отворени за ценкање.
-Ова е економија заснована на потрошувачите. Продавачите мора да привлечат купувачи. Ако за тоа треба да симант долар-два од цената, зошто да не?
Потрошувачите велат – нема штета да се проба.
Експертите се согласни дека продавачите се расположени за ценкање, не само поради забавената економија и продажба, туку и поради можноста тоа лесно да се прави преку Интернет страници како И-беј.