Линкови за пристапност

Ирак: Садр се заканува со граѓански револт


Во текот на првиот ден од ирачките армиски операци на југот на земјата биле повредени 18 лица.

Ирачкиот шиитски свештеник Моктада Ал Садр ги повика своите следбеници на протести против неодамнешните рации и притворања на членови на неговата Махди армија.

Еден од помошниците на Садр, Хазем Ал-Аараџи, објави соопштение во кое вели дека радикалниот свештеник ќе повика на „граѓански револт“ доколку веднаш не запрат нападите против неговите следбеници.

Судирите го доведоа во опасност седумесечниот прекин на огнот што беше постигнат претходната година.

Во интервју за Гласот на Америка, член на ирачкиот парламент од блокот на Садр, Баха Ал-Раџи, ги повика следбениците на движењето на Садр да бидат внимателни и да избегнуваат дополнителни тензии што може да ја разгорат ситуацијата.

XS
SM
MD
LG