Линкови за пристапност

Бројот на американски жртви во Ирак достигна 4.000


Бројот на американски војници кои загинаа во Ирак се накачи на бројката од 4.000, само неколку дена откако војната навлезе во шестата година. Портпаролот на Белата куќа Дејна Перино кажа дека претседателот Буш жали за секој живот загубен во конфликтот.

Главниот американски командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус, и амбасадорот Рајан Крокер на 8-ми и 9-ти април ќе сведочат во Конгресот за ситуацијата во Ирак. Претседателот Буш од нив бара да дадат оценка дали да продолжи со повлекувањето на силите како резултат на неодамнешното намалаување на насилството, или пак да направи пауза за да ја процени ситуацијата.

Проценките за ирачките жртви во досегашниот тек на војната се движат од десетици илјади па се` до стотици илјади.

Покрај загубата на човечки животи, војната во Ирак според извештаите досега ги чини САД 400 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG