Линкови за пристапност

Градоначалникот на Детроит обвинет во секс-скандал


Градоначалникот на Детроит во сојузната држава Мичиген изјави дека е длабоко разочаран, но не и изненаден од одлуката на локалниот обвинител Ким Ворти да покрене обвинение против него.

Квами Килпатрик на синоќешна прес-конференција откако беше објавено обвинението кажа дека очекува тоа целосно да биде отфрлено. Адвокатот на Килпатрик рече дека советувал својот клиент да не дава оставка на функцијата.

Обвинението од 12 точки ги товари Килпатрик и неговиот поранешен шеф на кабинетот Кристин Бити дека минатата година лажеле под судска заклетва во граѓанската парница за отуштањето на еден полициски службеник. Службеникот вршел истрага за евентуална злупотреба на безбедносниот персонал на градоначалникот за да сокрие љубовна афера. На судењето беа откриени текстуални пораки со изразита сексуална содржина по владини мобилни телефони во што се вмешани Килпатрик и Бити.

37-годишниот демократ Килпатрик стана најмлад градоначалник на Детроит на изборите во 2001-ва, во градот што се смета за престолнина на американската автомобилска индустрија.

XS
SM
MD
LG