Линкови за пристапност

Загриженост поради американската економија


Американската централна банка повторно ја намали својата главна каматна стапка, овојпат за 0,75 проценти во обид да ја олесни кризата во кредитната индустрија и да спречи рецесија на најголемата економија во светот.

Банката синоќа ја намали стапката на износ 2,15 проценти, што е најниско ниво од февруари 2005-та. Во соопштението за одлуката стои дека снижениот раст на економијата и натаму е причина за загриженост, како и дека останува неизвесноста за инфлација. Главната каматна стапка е стапка што банките ја наплаќаат меѓу себе за краткорочни заеми.

Секретарот на државната благајна Хенри Паулсон рече дека економијата бележи остар пад и дека креаторите на политиката работат да спречат турбуленциите на финансиските пазари да ја влошат економската ситуација.

XS
SM
MD
LG