Линкови за пристапност

Буш вели дека се презема силна акција за економијата


На отворањето на американските берзи кои се во немирни води, претседателот се обиде да ја смири јавноста.

Зборувајќи пред новинарите по средбата со неговите економски советници, господинот Буш рече дека неговата администрација ја има ситуацијата под контрола.

-Една работа е јасна – во време сме на искушенија. Но и друго е сигурно - преземаме силна и одлучна акција.

Тој сигнализираше поддршка за одлуката на американската централна банка да ја намали каматната стапка за финансиските институции за четвртина процент, на 3.25 проценти, за да даде чувство на сигурност на финансиските пазари, во најголем дел со спасување на финансиски потресената Беарс Стернс – еден од најголемите светски инвестициони банки. Тој го поздрави напорот на неговиот секретар за финансии Хенри Полсон за промовирање на смиреност и корегирање на економскиот пад:

-Покажавте на земјата и на светот дека САД се справуваат со ситуацијата. Второ, го реафиримирте фактот дека нашите финансиски инситуции се силни и нашите главни пазари функционираат – ефикасно и ефективно.

Претседателот Буш подвлече дека неговата администрација ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе преземе дополнителни чекори, ако биде неопходно. Тој уште еднаш рече дека американската економија на долгорочен план - ќе биде во ред.

На светскиот пазар, цените на нафтата и златото бележат рекордно високо ниво, додека доларот е на најниско ниво во однос на еврото и јенот.

XS
SM
MD
LG