Линкови за пристапност

Буш верува во  силата на  американската економија


Со доларот на најниско ниво досега спрема еврото и повисоките цени на храната и бензинот кои ја депресираат продажбата, претседателот Буш вели дека нема сомнение дека економијата минува низ тешки времиња.


Економијата затвори повеќе од 80 илјади работни места за два месеци. Цените се кренаа на бензиските пумпи и во супермаркетите. Вредноста на куќите опадна. Американците се загрижени, за нивните семејства, за плаќање на сметките, вели претседателот.


Тој зборуваше во Економскиот клуб во Њујорк, каде рече дека сепак е оптимист, зашто економските темели се цврсти и федералната влада прави чекори да обезбеди флексибилност на економијата, да биде способна да се прилагоди на состојбите и да остане доволно силна да привлече капитал.


Верувам дека имаме отпорна економија, рече американскиот претседател, и верувам дека решителноста на американскиот народ ќе помогне да се надминат овие проблеми.

Претседателот Буш уште еднаш го повика Конгресот да ги направи даночните олеснувања трајни, како и да го усвои договорот за слободна трговија со Колумбија пред крајот на годината.

XS
SM
MD
LG