Во претставничкиот дом вчера не можеа да се соберат потребните гласови за двотретинско мнозинство за да се поништи ветото на претседателот на предлог законот за забрана на ЦИА да користи контроверзни техники на испрашување, вклучително и симулирано давење.
Портпаролот на Белата Куќа Дена Перино го поздрави исходот, велејќи дека во спротивно би се обезвреднила способноста на разузнавачката заедница да ја заштитува нацијата.