Линкови за пристапност

Оставка на командантот на американските сили на Блискиот исток


Адмиралот Вилијам Фалон, главен командант на американските сили на Блискиот исток поднесе оставка по неодамнешните новински извештаи дека не се согласувал со претседателот Буш во врска со политиката спрема Иран. Во официјалната изјава Фалон негира дека тоа е причината, но кажа дека перцепцијата за дисонанца му отежнало да си ја врши работата. Фалон ја имаше и командата на војните во Авганистан и Ирак. Зборувајќи со новинарите секретарот за одбрана Роберт Гејтс ја отфрли како смешна сугестијата дека оставката на Фалон значи дека администрацијата на Буш се подготвува за војна со Иран.

XS
SM
MD
LG