Линкови за пристапност

Гувернерот на Њујорк поднесе оставка по скандалот


Гувернерот на Њујорк Елиот Спицер си даде оставка по секс-скандалот што ја потресе оваа сојузна држава и ги најде затечени политичките набљудувачи во земјата. Оставката на Спицер се очекуваше откако весникот Њујорк Тајмс во понеделникот извести дека гувернерот е инволвиран во круг на проституција со високи цени. Спицер наводно платил десетици илјади долари на сесии со тие девојки.


Во куса изјава Спицер кажа дека се кае за потфрлањето како семеен човек и се извини на поддржувачите:

-Длабоко жалам што не го исполнив тоа што од мене се очекуваше. На секој Њујорчанец, и на сите кои веруваа во тоа за што се залагав и сакав да го остварам, искрено се извинувам. На времето кога бев гувернер гледам како на нешто што можело да биде поинаку.

Спицер кажа дека неговата оставка влегува во сила во понеделник, на барање на заменик гувернерот Дејвид Петерсон, за да се даде време за соодветна транзиција.


Со оставката завршува политичката кариера на Спицер. Како популарен државен генерален правобранител тој успешно водеше случаи против трговци со акции на Вол Стрит, мафијашки лидери и неколку мрежи на проституција. За гувернер беше избран во 2006 со огромно мнозинство. Како гувернер потпиша закон за зголемени казни на оние кои патронизираат проститутки. Но неговиот нерафиниран стил му донесе и непријатели, кои изненадени од неговиот пад, не сторија ништо тој да остане на функција.


Заменик гувернерот Дејвид Петерсон , кој е законски слеп, го претставуваше Харлем 20 години во њујорскиот сенат, каде уживеше почит од колегите од обете партии. Тој има длабоки корени во политиката на Њујорк. Неговиот татко некогаш бил заменик градоначалник.


XS
SM
MD
LG