Линкови за пристапност

Распит во сенатска комисија за надворешни односи „НАТО – проширување и ефикасност“


Претседавачот на Сенатската комисија за надворешни работи, демократот Џо Бајден на распитот за проширување на НАТО потсети на правилото на консензус во контекст на грчката закана за вето врз Македонија:

- Силно ги повикувам Грција и Македонија да пронајдат разумен компромис за прашањето за името што стои како пречка за членството на Македонија. Ако тоа не успеат да го направат до самитот, според мене, неуспехот не треба да ги казни Албанија и Хрватска.

Републиканецот Дик Лугар беше директен:

- На Самитот верувам дека НАТО мора да ги покани Албанија, Хрватска и Македонија. Секоја од нив макотрпно работеше за исполнување на неопходните критериуми за членство.

Вршителот на должноста државен потсекретар за политички прашања Даниел Фрид ја повтори владината позиција во однос на релацијата НАТО – проблемот со името:

- Владата ги повикува двете страни да соработуваат и со посредникот на ОН Метју Нимиц да најдат решение пред Букурешт. Ако нашата влада може да им помогне на земјите на национално ниво, подготвени сме да го сориме тоа.

На прашање на демократот Роберт Менендез дали по посетата на Скопје смета дека прашањето може да биде решено пред Самитот, Фрид кусо одговори:

Искрено, не знам.

Според Брус Џексон од Проектот „Демократии во транзиџија“ Македонија досега направила многу со менувањето на знамето и уставот и макотрпно споведувала реформи во последните 17 години. Еден билатерален проблем не треба да биде пречка за покана, смета Џексон.

Доналд Асмус од Германскиот маршалов фонд рече дека доколку цел на оваа рунда на проширување е безбедноста на Балканот, тогаш Македонија треба особено да се земе предвид бидејќи, како што кажа, е најранливата земја во безбедносен поглед:

Ако сакате прашањето правилно да се реши, тоа подразира обемен ангажман од самиот претседател на САД.

XS
SM
MD
LG