Линкови за пристапност

Извештај на Стејт департментот за човекови права


Американската влада оценува дека Кина – домаќинот на овогодишните Олимписки игри - и натаму ги злоупотребува човековите права. Учинокот на Судан го опишува како „ужасен“, додека за Русија смета дека се вратила наназад во однос на корупцијата и малтертирањето. Пакистан, пак, е мета на критика поради одлуките на претседателот Первез Мушараф кон крајот на минатата година да отпушти судии, да го суспендира уставот и да воведе 42-дневна вонредна состојба. Американската државна секретарка Кондолиза Рајс по повод објавувањето на извештајот кажа дека САД сметаат оти имаат должност да ги поддржуваат оние кои се залагаат за човекови права во земји каде тие не се загарантирани.

Во делот за Македонија земјата се опишува како парламентарна демократија каде цивилните власти во глобала одржуваат ефикасна контрола врз безбедносните сили. Собраниските избори во јули 2006-та генерално ги задоволиле меѓународните стандарди, иако предизборната кампања и процедурите на денот на гласањето била засенети од неправилности и изолирани инстанци на насилство, смета Стејт департментот.

Вашингтон оценува дека македонската влада во 2007-ма во основа ги почитувала човековите права на своите граѓани, но како проблем ја наведува полициската злоупотреба на осомничени лица, а вели и дека има наводи за полициско малтретирање на етнички малцинства. Па сепак, се вели во извештајот на Стејт департментот, властите презеле мерки да ја зајакнат контролата врз полицијата. Во него стои и дека корупцијата во министерствата за внатрешни работи и правда, како и политичкиот притисок што се врши врз нив, судовите и канцеларијата на јавниот обвинител, ја попречиле истрагата и судската разврска на некои наводи за злоупотреба на човековите права. Вашингтон оценува дека трговијата со луѓе во Македонија и натаму е проблем, но додава дека зголеменото владино внимание придонело за опаѓање на некои форми на оваа трговија минатата година.

Општествената дискриминација на етничките малцинства, особено Ромите трае и натаму; меѓутоа, напнатоста меѓу етнички македонското и етнички албанското население продолжила да опаѓа, се вели редовниот годишен извештај на Стејт департментот за човековите права, во делот за Македонија.

XS
SM
MD
LG