Линкови за пристапност

Слабиот долар не мора да биде лоша вест


Односот евро-долар вчера еден момент се накачи на 1,53. Посилното евро значи поскапи германски автомобили, француски вина и други европски увозни добра во САД. Може и да ги обесхрабри американските туристи кои на ум ја имаат Европа. Од друга страна, вели брокерот од Њујорк Патрик ди Анџело:

-Слабиот долар не само што ги привлекува луѓето да ги посетат САД и да трошат странски валути, туку привлекува и инвеститори. Се` додека доларот е нешто послаб од странските валути, тоа е позитивно за САД.

Заслабнатиот долар всушнот помогна американскиот производствен извоз да достигне двоцифрен износ минатата година. Економистот Ден Норт коментира:

-Добро е за извозниците од САД бидејќи повеќе испраќаат во странство. На пример, една американска машина што чинела 100 евра сега во Европа може да се купи за 50.

Иако последните намалувања на каматни стапки од страна на американската централна банка помогнаа да се подобри ликвидноста на доларот, споре професорот по економија на Њујоршкиот универзитет Томас Кули, тоа делумно било и причина за падот на доларот:

-Каматните стапки останаа високи во Европа, и тоа значи дека таа е поатрактивна дестинација за парите.


Падот на доларот загрижува дел од бизнисмените од ЕУ, кои стравуваат дека повисоката вредност на еврото може да чини извесен број работни места во Европа.

XS
SM
MD
LG