Линкови за пристапност

Нимиц пристигна во Скопје


Нов предлог за компромис или притисок за отстапка од тврдите позиции. Никој засега не знае што е целта на посетата на посредникот во грчко македонскиот спор за името Метју Нимиц кој пристигна во Скопје и ја започна средбата со македонскиот државен врв. „Нема ништо да коментирам“, беа одговорите на Нимиц на сите новинарски прашање пред средбата.

Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и преговалчот Никола Димитров, со посредникот Нимиц разговараат во Кабинетот на Црвенковски.

Македонскиот државен врв и вчера повтори дека е подготвен за преговори, но не по цена на идентитетот на државата. Денеска претседателот Црвенковски кој претпладне во бугарскиот град Сандански се сретна со бугарскиот претседател Георги Прванов, изјави дека не знае што носи медијаторот Нимиц во Скопје.

Тој одговори на неодамнешната изјава на Нимиц дека Спогодбата меѓу Македонија и Грција од 1995 година е застарена и не важи и оти е време за нова:

-Има само еден начин спогодбата да престане да важи, а тоа е доколку една од страните се откаже од неа. Но таа престанува да важи дури една година откако земјата ќе се изјасни дека се откажува од неа, рече тој.

Македонскиот претседател потсети дека според се уште важечката Спогодба, Грција се обврзала да не го попречува патот на Македонија за членство во меѓународните организации. „И мандатот на Метју Нимиц произлегува од таа Спогодба и затоа констатирам дека таа се уште е на сила“, истакна Црвенковски.

XS
SM
MD
LG