Денеска во Скопје пристига комесарот за проширување на Европската Комисија, Оли Рен. Со себе ги носи веке најавените услови кои Македнија треба да ги исполни доколку сака на есен да добие датум за почеток на преговори за члентсво во ЕУ. На списокот на Оли Рен има 8 услови, познати во еврократијата како репери. Се однесуваат на имплементација на сите обврски преземени со Спогодбата за асоцијација и стабилизација, дијалог меѓу политичките партии, имплементација на Законот за полиција, законодавството, за антикорупција, реформа на судството, на јавната администрација, мерки во политиката на вработувањето и подобрување на бизнис средината.
Коемсарот Оли Рен на средбите во Скопје ќе ги образложи подетелно овие 8 услови најавувајќи дека доколку бидат исполнети до есен, во наредиот годишен извештај за напредокот на Македонија во европските интеграции што се објавува во неомври, Европската Комисија на Советот на министрите на ЕУ би можела да им препорача да донесат одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ. Во 8-те услови го нема проблемот со името. Сепак, пред доагањето во Скопје,Оли Рен од Брисел порача:
- Сите одлики што се однесуваат на прашањата на ЕУ и НАТО бараат едногласност . Секоја земја има право на вето, како и да влијае врз одлуките. Се надевам Грција и ФИРОМ ќе го решат ова прашање… ако не го решат прашањето за името, се плашам дека ќе има негативни последици во ЕУ и НАТО, иако ова е билатерално прашање под покровителство на ОН, изјави комесарот за проширување Оли Рен пред заминувањето од Брисел за Скопје.