Линкови за пристапност

Поддршка за Мекејн од Белата Куќа


Господинот Буш го пречека Мекејн во Белата Куќа, еден ден откако законодавецот од Аризона освои четири номинирачки трки и доби доволно делегати да ја обезбеди номинацијата на партијата. Пред неколку месеци кампањата на Мекејн беше речиси банкротирана, со цифри од анкетите во опаѓање.

Претседателот кажа дека Мекејн, кој беше ривал на господинот Буш во трката за претседател во 2000, покажа неверојатна храброст, цврстина и карактер и секако издржливост да стигне до овој момент. Тој рече дека овие особини се точно оние кои се потребни за претседател.

За Демократите, сенаторот Хилари Клинтон ја оживе својата кампања со победите од вторникот во државите богати со делегати, Охајо и Тексас, запирајќи ја победничката низа од 12 натпревари на ривалот, сенаторот Барак Обама. Таа исто така ја доби малата држава Род Ајленд, додека Обама се пласираше прв во Вермонт.


XS
SM
MD
LG