Линкови за пристапност

Клинтон ја оживеa  својата кампања; Мекеин ја осигура  номинацијата


Освен во Тексас и Охајо, држави богати со делегати, Клинтон победи и во Род Ајленд, со што убедливо ја запре низата од 12 последователни победи на ривалот Барак Обама. Сенаторот Обама победи во Вермонт, што беше прва меѓу четирите држави каде беа познати резултатите од големата ноќ.

Клинтон на поддржувачите во Колумбус, Охајо им кажа дека „нејзината борба за номинација продолжува, дека е силна и дека ќе оди до крај“.

Обама и честиташе на Клинтон во говор пред симпатизерите во Сан Антонио , Тексас. Но тој нагласи дека и натаму има предност во делегати и дека е на пат да ја добие номинацијата.

Во меѓувреме Мекејн е на пат за Белата Куќа да добие поддршка од претседателот Буш. Мекејн го победи поранешниот гувернер од Арканзас Мајк Хакаби во сите четири држави каде се гласаше вчера. Хакаби и официјално отпадна од трката и својата поддршка му ја даде на Мекејн.

За Демократите, следна голема држава каде ќе се гласа е Пенсилванија, на 22 април.

XS
SM
MD
LG