„Десет месеци се долго време. Доволно време да се постигне договор“, рече Џорџ Буш по средбата со јорданскиот крал Абдула во Белата куќа и смета дека изралеските и палестински лидери се посветени на мир.
- Апсолутно сум убеден дека израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас разбираат дека ова е клучен момент за постигнување мир.
Мировниот процес беше загрозен од насилството долж израелската граница со Појасот Газа, што е под контрола на милитантната група Хамас. Израел одговори на ракетните напади од територијата со воена акција во нејзиниот северен дел. Крвопролевањето резултираше во тоа претседателот Абаз, чија фракција го контролира Западниот брег на палестинските територии, да ги прекине мировните преговори.
Американската државна секретарка Кондолиза Рајс е во регионот, во обид да ги врати преговорите во колосек. САД не се обидуваат да наметнат мир, вели Буш, но ќе сторат се` во нивна можност да овозможат напредок во процесот:
- Ова отсекогаш бил процес „два чекора напред – еден назад“. Треба да осигураме дека ќе биде само еден назад.
Кралот Абдула по средбата во Белата куќа коментираше:
- Мошне сме задоволни од заложбата на претседателот Буш да го разреши ова најдолго и главно прашање на Блискиот Исток.