Линкови за пристапност

Американска економија: рецесија или не?


Американскиот претседател смета дека владата веќе адекватно реагирала на економската ситуација. На прес-конференција во Белата куќа Џорџ Буша кажа:

-Мислам дека не запаѓаме во рецесија, но, несомнено, настапи економско забавување. Затоа енергично реагиравме со пакет економски стимуланси тежок над 150 милиони долари.

Со мерката голем број Американци ќе добијат даночно враќање во форма на чек, а бизнисите даночни олеснувања. Буш побара најпрвин да се види како ќе влијае пакетот стимуланси, а потоа да се разгледа дали ќе бидат потребни нови мерки за поттикнување на економијата.

Првиот човек на американските Федерални резерви Бен Бернанки, кој вчера втор ден по ред сведочеше во Конгресот, е оптимист дека планот на претседателот ќе даде резултати, и покрај опаѓањето на вредноста на доларот и потрошувачката доверба. Бернанки најави дека мериканската централна банка внимателно ќе ги следи информациите за економската ситуација и навремено ќе реагира за да го поддржи растот. Аналитичарите ја третираат вакваат изјава како најава дека Банката уште еднаш ќе ги намали каматните стапки, најверојатно во март.

XS
SM
MD
LG