Од последната детална проценка на Федералните резерви во јули минатата година, натамошно се продлабочи кризата во тргувањето со недвижнини, во кредитната индустрија и на пазарот на труд. Како резултат на тоа, Бернанки на распит во Конгресот во средата најави дека Централната банка е подготвена уште еднаш да ги намали каматните стапки ако тоа се покаже неопходно:
-Како што Конгресната комисија наведе во изјавата при последната средба, тоа е со цел да се промовира умерен растеж со тек на времето и да се ублажи ризикот по економските активности.
Од септември-наваму, Централната банка ја намали стапката федерални фондови или стапката што банките ја наплаќаат меѓу себе за 2,25 проценти. Иако економистите се согласни дека тоа може да ја стимулира економијата бидејќи ќе донесе поголем прилив на пари, истовремено може и да предизвика инфлација. Том Херц е професор по економија на Американскиот универзитет:
-Дилемата е како да се стимулира економијата а да се спречи инфлација. Засега нема знаци на најлошото можно сценарио – комбинација на рецесија и инфлација – истовремено губење на работни места и покачување на цените.
Според извештај на владиниот Оддел за труд издаден во вторникот, потрошувачките цени во последните 12 месеци се налачиле рекордно во последниве 17 години – најповеќе горивото и храната. Наредната средба на која Федералните резерви ќе ја проценат ситуацијата е на 18-ти март.