Линкови за пристапност

Романскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија


Македонија може да смета на силна поддршка од Романија за влез во НАТО на нашиот самит. Оваа порака во Скопје на македонскиот државен врв му ја донесе шефот на романската дипломатија Адријан Чоројану, кој од вчера е во посета на Македонија.

Македонија има големи шанси да стане дел од Алијансата, вели министерот Чоројану:

-Ова ќе биде, не само најголемиот досега организиран настан во Романија, туку и најголем самит во историјата на НАТО. Очекуваме 6.500 претставници. Убедени сем во шансите на Македонија да добие покана, да го наречеме, нашиот самит во Букурешт, вели тој.

Македонија има силни причини да стане дел од НАТО, смета македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Придобивките според него се стабилност, безбедност и развојот на демократијата, споделување на вредностите со другите членки и позитивно влинание врз економскиот развој:

-Досега немало грешка во однос на предвидувањата за проширувањето на НАТО. Примерите на Романија, Бугарија, Полска докажуваат дека приклучувањето кон НАТО е успех и придонесува за развој на земјата, но и ги зајакнува капацитетите на самата Алијанса.

Освен за претстојниот самит на НАТО, министерот Чоројану со македонските владини претставници разговараше и за образовнието и економијата, за што беа потпишани протоколи за соработка и за измени на договорот за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите.

XS
SM
MD
LG