Линкови за пристапност

Цивилизирана, но остра дебата на демократските претседателски кандидати


Кандидатите од Демократската партија, сенаторите Хилари Клинтон и Барак Обама синоќа одржаа уште една телевизиска дебата во Кливленд, Охајо.

Сенаторот Клинтон го нападна Обама за памфлетите од кампањата каде тврди дека нејзиниот план за здравствена заштита ги принудува граѓаните да купат осигурување кое не можат да си го дозволат.

Сенаторот Обама изјави дека неговата кампања не се жалела кога таборот на Клинтон дистрибуирал слични негативни напади врз него.

Во областа на надворешната политика, Клинтон изјави дека претходните изјави на Обама, дека се согласува да се сретне со диктатори без поставување предуслови, покажуваат дека не е подготвен за функцијата врховен командант на вооружените сили.

Обама одговори дека Клинтон покажала недостаток на способност за добра оценка на ситуацијата кога гласала за авторизирање на претседателот Буш да изврши инвазија врз Ирак. Таа подоцна призна дека нејзиниот глас бил грешка.

Обајцата сенатори се обвинуваа меѓусебно за поддршката на договорот за слободна трговија на Северна Америка, или НАФТА, за кој заклучија дека негативно се одразил врз економијата на Охајо, но им помогнал на други сојузни држави.

Според последните анкети, Обама води пред Клинтон.

Анкетата на Њујорк Тајмс и Си-Би-Ес покажа дека Обама има 54, а Клинтон 38 проценти поддршка, додека друго истражување од Ју-Ес-Еј Тусеј и Галуп покажа дека Обама има предност од 51 спрема 39 проценти.

XS
SM
MD
LG