Линкови за пристапност

По дводневна жестока реторика, Обама и Клинтон вечерва ќе одржат уште една  телевизиска дебата


Двајцата претседателските кандидати од Демократската партија вечерва ќе дебатираат во Кливленд, Охајо.

Кампањата на Обама вчера ја обвини клинтоновата кампања за употреба на нечиста тактика по објавувањето на фотографија на која Обама е облечен во традиционална африканска носија за време на патувањето во Кенија во 2006 година.

Веб-страницата каде е објавена фотографијата вели дека вработени во кампањата на Клинтон ја циркулирале. Менаџерот на кампањата на Обама кажа дека клинтоновата кампања се ангажира во „срамна, напаѓачка“ кампања со дистрибуцијата на фотографијата.


Шефот за комуникации на Клинтон одговара дека, колку што знае, таа фотографија не е циркулирана од клинтоновите соработници.


Развојот доаѓа само нешто повеќе од една недела пред важниот натпревар на прелиминарни избори во Тексас и Охајо, на кои најверојатно ќе се реши судбината на кампањата на Клинтон или на Обама.

Новите анкети покажуваат дека Обама има предност во двете сојузни држави.

XS
SM
MD
LG