Линкови за пристапност

Повеќе лоши вести за американската економија


Одделот за труд извести дека цените на големо пораснале за еден процент во јануари, што е два пати повеќе од очекувањето на стручњаците. Се на се, цените на големо се зголемиле за повеќе од седум проценти во текот на последните 12 месеци, што е најбрза стапка од крајот на 1970тите. Според Марк Витнер, економист во американската Банка Ваковија, има две големи причини за тоа:

-Знаевме дека енергетските цени повторно се кренаа, и тоа е очигледно важна компонента. Цената на нафтата порасна за 2,9 проценти. Цената на храната се зголеми за осум десетини од процентот. Ова е навистина тешка ситуација. И тоа е една од причините што гледаме мала потрошувачка кај населението за предмети и продукти што не се најнеопходни. Народот едноставно нема вишок пари по основните трошоци.

Што се однесува на потрошувачите, последните цифри покажуваат дека довербата на конзументите е драстично опадната. Конференцискиот борд со седиште во Њујорк извести дека индексот на потрошувачката доверба е намален за 12 приоценти, од 87,3 во јануари на 75 месецов. Ова се најниски вакви показатели за последните пет години.

Одвоено од зголемувањето на цените на нафтата и храната , економистите велат дека многу американски потрошувачки се чувствуваат „посиромашни“ со опаѓањето на вредноста на домовите. Нов извештај покажува дека во просек цената на американска куќа се намалила за речиси девет проценти во последниот квартал на минатата година, што е најостро опаѓање во изминатите децении.


Последниве месеци американските Федерални резерви агресивно ги намалуваа каматните стапки во напор да ја поттикнат забавената американска економија. Но Марк Витнер вели дека дека стратегијата може да биде неефикасна доколку инфлаторскиот притисок продолжи да расте:


-Штом финансиските пазари ќе заздрават, мислам дека Централната банка ќе се фокусира целосно на намалување на инфлацијата. Така, сегашните ниски каматни веројатно нема долго да траат.


Инфлацијата, чија тенденција е да биде стимулирана од економската експанзија, обично се смирува за време на периоди на слаб или негативен економски растеж. Висока инфлација и слаб растеж – особено непосакувана комбинација позната како „стагфлација“ – е нешто што САД во голема мерка го избегнаа од 1970тите, кога пореметувањата во резервите на нафта го ограничија американскиот економски растеж во исто време со растењето на инфлаторниот притисок.

XS
SM
MD
LG