Линкови за пристапност

Нема промени во американската политика спрема Куба


Претставници на американската влада ги отфрлаат сугестиите дека Раул Кастро можеби ќе биде попрагматичен лидер или потенцијален реформатор, и предочуваат дека нема промена во американската политика кон Куба. Во разговор со новинарите по едногласната одлука на Кубанското национално собрание во неделата да го именува Раул Кастро за нов претседател, портпаролот на Стејт Департмент Том Кејси кажа дека САД не се задоволни од продолжувањето на „семејното диктаторство на Кастро“ и дека тоа не е во интерес на кубанскиот народ:

-Ќе видиме дали воопшто ќе има разлика во смисла на политиката што се води. Но, во оснос на најважната политика, за жал, не гледаме разлика во овој момент. Се` уште имаме влада која верува дека е во ред да се држат политички затвореници, да се ускратуваат основните политички и човекови права на Кубанците, и да се продолжи со систем на владеење кој во основа е диктаторство.


Слични забелешки дојдоа и од прес-секретарот на Белата Куќа Дејна Перино која кажа дека ставот на претседателот Буш за одржување на американското економско ембарго против Куба не е променет.

Комисија која ја формираше Буш пред ве години објави извештај нудејќи на Куба широка лепеза на американска економска и друга помош доколку земјата започне со вистинска транзиција од комунизам и закаже слободни избори.


Портпаролот Кејси рече дека САД ќе продолжат да се надеваат и да прават се` што можат за да поттикнат таков вид на транзиција. Но, тој кажа и дека предавањето на власта од еден на друг член на семејството Кастро не е добро за непосредната политичка иднина на Куба.

XS
SM
MD
LG