Линкови за пристапност

САД ја сметаат српската влада  одговорна за  нападот на американската амбасада


Ова синоќа го најави американскиот амбасадор во Светската организација Залмај Kалилзад, кој нападот го нарече злосторство.

Државниот потсекретар за политички прашања Николас Барнс по телефон разговарал со српскиот премиер Воилав Коштуница и министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ: Портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак вели:

-Пораката беше мошне едноставна – ситуацијата не може да се толерира, дека треба итно да реагираат, да пружат адекватни сили за заштита со цел нашата амбасада и персоналот да не бидат цел на напад. Тој му предочи на министерот за надворешни работи дека ќе ја сметаме српската влада лично одговорна за безбедноста и добросостојбaта на вработените во амбасадата.

Мекормак кажа и дека САД добиле гаранција од Коштуница дека нема да има повторување на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG