Линкови за пристапност

Брус Џексон: Не` загрижува само едно билатерално дипломатско прашање


Ќе има сериозен обид да се направи исчекор во преговорите меѓу Македонија и Грција за разликите околу името, најави Брус Џексон, директор на проектот „Демократии во Транзиција“ за Гласот на Америка, спроти новата рунда разговори.

Се надевам дека од средбата на медијаторот Нимиц со преговарачите од двете земји ќе произлезат креативни идеи и ќе уследи решение преку добра волја од обете страни, вели Џексон за Гласот на Америка на македонски:

- Знам дека има нервоза на обете страни и кажуваат нешта што можеби не би требало да ги кажуваат, но сметам дека прашањето е решливо пред Самитот на НАТО во Букурешт.

Џексон оценува дека во преговори на кои се пристапува со одбра волја важно е обете страни да имаат добар пристап.

Според него, нема пречки за влез во Алијансата за Македонија од аспект на исполнувањето на неопходните критериуми:

- Според моето разбирање, како што кажаа секретарот Гејтс, министерот за одбрана на Германија и други на Конференцијата на министри за одбрана на НАТО во Минхен е дека трите кандидати – Албанија, Македонија и Хрватска технички се целосно квалификувани за членство во НАТО. Не` загрижува само едно билатерално дипломатско прашање.

Според Џексон, нема причина ниту една од страните во разговорите за разликите околу името да се чувствува како поразена. Постои можност за компромис во кој и обете страни би излегле како победници, вели Џексон.

XS
SM
MD
LG