Линкови за пристапност

Претседателот Буш се надева дека косовската одлука нема да донесе насилство


Претседателот Буш вели дека САД ќе продолжат да работат сао своите сојузници да направат се што е можно да се избегне насилство во врска со одлуката на Косово.
На прес конференција во Танзанија, господинот Буш беше запрашан дали ја поддржува независноста на Косово. Претседателот не одговори директно на прашањето и наместо тоа кажа дека иднината на покраината е централна за регионалната безбедност: "Нашиот став е дека статусот мора да биде решен за Балканот да биде стабилен. "

Србија вели дека ќе употреби секакво политичко средство да го запре признавањето на независноста на Косово, и дека ќе го заштити етничкото малцинство на Србите кои остануваат во Косово. Претседателот Буш рече дека се надева оти косовската одлука нема да донесе насилство: "Не радува фактот што косовската влада јасно кажа дека има волја да ги поддржи правата на Србите во Косово. Ние исто така веруваме дека е во интерес на Србија да се сојузи со Европа и српскиот народ треба да знае дека има пријател во Америка.“

Србија протестира против одлуката на ЕУ да испрати 1800 полицајци и административна мисија во Косово. Тие сили ќе го заменат тимот на ОН што влезе во Косово по српското задушување на етнички-албанските сепаратисти. Тоа насилство беше причина за бомбардирањето од страна на НАТО врз српската армија во 1999.

XS
SM
MD
LG