Линкови за пристапност

Претседателот Буш заминува за Африка


Во четвртокот, господинот Буш кажа дека може да го одложи патувањето додека врши притисок на Конгресот за обнова на програмата за домашно прислушкување чиј рок на важење истекува.

Но денеска Белата Куќа соопшти дека претседателот и госпоѓа Буш ќе го напуштат Вашингтон доцна попладнево и ќе пристигнат во Бенин рано во сабота.

Господинот Буш ќе застане во Бенин, Танзанија, Руанда, Гана и Либерија за време на седумдневното патување.

Во очи на патувањето, претседателот Буш денес во Белата Куќа се сретна со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун. Господинот Бан рече дека посетата на претседателот во Африка е „важна и историска“. Тоj кажа дека се надева оти господинот Буш и африканските лидери ќе разговараат за тоа како да се помогне на народот да ја надмине сиромаштијата и да добие образование.

Во говор вчера во Музејот за африканска уметност во Вашингтон, господинот Буш ја опиша Африка како место со огромен потенцијал, и кажа дека неговото патување ќе покаже како сочувствителни Американците биле во однос на на помагање во борбата против СИДА и други смртоносни билести.

Тој предложи да се потрошат 30 милијарди долари во текот на пет години за борба против епидемијата на СИДА и ХИВ вирусот во Африка.

XS
SM
MD
LG