Линкови за пристапност

На патувањето во Африка, Буш ја испраќа Рајс во Најроби 


Претседателот Буш ја засилува американската поддршка за запирање на насилството во Кенија. Тој вели дека државниот секретар ќе ја пренесе пораката директно на кeниските лидери и народ.

-Мора веднаш да запре насилството. Мора да има правда за жртвите на малтретирања и мора целосно да се врати демократијата, вели американскиот претседател, додавајќи дека САД ги поддржуваат напорите од поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан за прекин на кризата во Кенија што започна со проблематичните национални избори кон крајот на минатата година.

Господинот Буш вели дека насекаде низ континентот , посредувањето во конфликти, главно предводено од Африканци, донело резултати. Тој вели дека најдобар пример е Либерија што се опоравува од долга граѓанска војна.

Либерија е една од земјите кои ќе ги посети, заедно со Бенин, Танзанија, Руанда и Гана. Тој вели дека се на се, Африка е среде големи промени и сега е место на потенцијал.

Американската определба да помогне е силна, кажа претседателот во обраќање во вашингтонскиот Музеј на африканска уметност. Рече дека ќе го искористи претстојното патување да ги нагласи напорите за борба против опасни болести и да го поттикне развојот.


Претседателот потенцира дека најголемиот ресурс на Африка се луѓето, и изрази жалење за животите изгубени заради СИДА и маларија. Тој го поттикна американскиот Конгрес да го одобри неговото барање за големо зголемување на финансирањето за борба против СИДАта во Африка, и кажа дека американската иницијатива за борба против маларијата од 2006 веќе покажува резултати:

-Според новите податоци стапката на маларијата драматично опаѓа во многу делови од Африка. Сеуште сме на овој пат и големи успеси ни се на дофат. Африка може болеста што ги одземаше нивните деца со векови да ја направи минато.

Американскиот претседател ќе посети болници и клиники во Африка, како и центри за обука за работа и мали бизниси, за да го привлече вниманието кон важноста на странските инвестиции.


Кога инвестирате капитал, вели тој, креирате работни места. Патернализмот треба да стане дел од минатото. Заедничко вложување со добри, способни луѓе е она што ја сочинува иднината.

Во вторник, кога ќе биде во Кигали, претседателот ќе потпише билатерален договор со Руанда. Тоа ќе биде прв таков договор меѓу Америка и суб-сахарска нација за близу една деценија.

XS
SM
MD
LG