Линкови за пристапност

Бакојани:  Патот до НАТО и ЕУ преку заеднички прифатливо решение за името


Бакојани смета дека предизвикот на трансформацијата на Југоисточна Европа е регионот да стане „мудра сила“, парафразирајќи дел од американската политичка мисла дека ефикасна сила е онаа која истовремено e моќна, и приемчлива. Бакојани повика на почитување на демократијата, човековите права, слободна трговија, претприемништво и толеранција на културните, етнички и верски разновидности, како рамка за натамошна балканска интеграција во евро-атлантското семејство. Го акцентираше грчкиот удел во економскиот развој на регионот во полза на политичката стабилност, наведувајќи дека земјата инвестирала преку 20 милијарди долари, и е прв странски инвеститор во Албанија, Македонија и Србија. За Косово, пак, Грција смета дека се примарни економската стабилност, почитувањето на малцинските права, а не кога би се прогласила незавиност, а предочи и дека ниту една дискусија не може да се комплетира без Србија.

Грција го подржува проширувањето на НАТО и смета дека Албанија и Хрватска оствариле напредок. За Македонија, пак, Бакојани имаше сосема спротивни зборови, оценувајќи дека, цитирам, „Скопје води националистичка, анахрона политика и се обидува да го монополизира македонскиот идентитет“:

- Нашите соседи користат јазик од 19 век, а се надеваат да бидат разбрани во 21-от. Ова не е прашање на политичка психологија и масовен сентимент, туку прашање на регионална стабилност, рече Бакојани во Вашингтон.

За преговорите за името, таа смета дека –

-Скопје има само еден пат до НАТО и ЕУ – почитување на принципот на добрососедски односи, а тоа вклучува заеднички прифатливо решение за името.

На нашето прашање дали Грција ќе ја блокира поканата за Македонија на Самитот во Букурешт, а потсетувајќи ја на изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата со Рајс дека НАТО не е за именување на земји, туку нешто многу повеќе, Бакојани возврати со барање:

- Односите меѓу сојузниците мора да бидат на солидна основа. Ние од министерот Милошоски и премиерот Груевски не бараме да се обидуваат да интепретираат што е НАТО – сите знаеме што е НАТО – туку да се држат до заложбите и под посредништво на ОН да се обидат на конструктивен начин со Грција да најдат решение за прашањето со името што би ни дозволило да погледнеме во иднината.

На прашање што прави Грција за правата на македонското малцинство во северна Грција, Бакојани тврдеше дека има едно, муслиманско малцинство и дека во во Грција верските права и сите други права се целосно дадени.

XS
SM
MD
LG