Линкови за пристапност

Победи за Обама и МекКеин


Демократскиот сенатор Барак Обама и републиканскиот сенатор Џон МекКеин ги добија партиските прелиминарни избори во Вашингтон ДЦ, Мериленд и Вирџинија.

Сенаторот Барак Обама веќе водеше кампања во следната држава што е на ред да гласа – Висконсин – на средниот запад, кога дојде веста за синоќешните победи.

Најголем дел од жителите на главниот град се Африкански Американци, што е негова најсилна база.

Сенаторот Хилари Клинтон беше замината од студениот и буквално окован во мраз Вашингтон, уште пред него.


Во големата јужноамериканска зедница на Ел Пасо, во Тексас, таа работеше на добивање гласови за голема победа во таа држава, што ќе гласа во исти ден со Охајо. Верува дека нејзини адути се универзална здравствена заштита, поголеми плати и крај на ирачката војна.

Сенаторот Џон МекКеин, се појави во Вирџинија да ја објави победата на републиканска страна. Но поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби ветува останување во трката.

Ова беше и ден кога Обама за прв пат отворено својата кампања ја насочи против МекКеин и Републиканците:


-Не може да продолжиме да трошиме пари што ги немаме, на војна што не требаше ни да биде почната. Не треба да им оставаме товар на децата да отплаќаат огромен долг, кажа тој на голем собир во Висконсин.

За почетокот на март е закажано гласањето во три големи држави, што носат голем број делегати.

XS
SM
MD
LG