Линкови за пристапност

Денес три нови теста за демократските кандидати


Во битка за претседателската номинација на Демократската партија сенаторот Барак Обама сака да надгради на моментумот по добивањето на четири натпревари во текот на изминатиот викенд.

Oбама победи на прелиминарните избори во Луизијана и на кокусите во Небраска, државата Вашингтон и Меин:

-Тука сум да ви кажам дека мојот напор се исплати. Мојата верба во Американскиот народ е со право, зашто секаде каде што одам луѓето велат дека сакаат нов правец за државата.

Анкетите покажуваат дека Обама води пред сенаторот Хилари Клинтон во Мериленд, Вирџинија и Дистриктот Колумбија.


По неговите победи викендов, Клинтон ја смени Пати Силис Дојл, која беше менаџер на кампањата и на нејзино место ја постави долгогодишната помошничка Меги Вилијамс.

И покрај последните порази, Сенаторот Клинтон останува оптимист, и брзо ја врти дискусијата на последниот наплив на средства во нејзината кампања:

-Многу луѓе одговорија, отидоа на мојата веб-страница Hillary Clinton-точка-com – и од вторникот наваму добивме 10 милиони долари.


Последното пребројување на делегати направено од Асошиетед Прес покажува дека и двајцата, Клинтон и Обама имаат по околу илјада делегати. Потребно е 2.025 делега за да се осиугура номинација на Демократската партија.


Претставници на кампањата на Клинтон веќе гледаат после вторничките прелиминарни избори, на 4 март, кога натпреварите ќе се одржат во Тексас и Охајо – држави каде анкетите покажуваат дека таа води.


На републиканска страна поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби се надева добро да мине во Вирџинија.

Хакаби го победи лидерот Џон МекКеин во Канзас и Луизијана, а МекКеин доби тесно водство во државата Вашингтон.


Хакаби за ЕнБиСи телевизијата кажа дека останува во трката и покрај големата предност што ја има МекКеин во однос на бројот на освоените делегати.

-Републиканската партија не е партија што ќе ви каже што да правите. Голем дел од естаблишментот сака да верува дека е готово. Но ние треба да имаме избори, а тоа значи луѓето треба да изберат.

Победите на Хакаби во Канзас и Луизијана сугерираат дека МекКеин има да работи со конзервативните републиканци ако сака да ги добие нивните гласови. Тие особено му забележуваат за ставовите по намалување на даноците и запирање на илегалната имиграција.


Но МекКеин добива помош од висок профил - од претседателот Буш. Господинот Буш за Фокс Њус Сандеј кажа дека верува оти МекКеин е вистински конзервативец, но дека треба да продолжи да посега по конзервативците во рамки на партијата:

-Не можете да ги задоволите сите во исто време. Но дел од кампањата е номинираниот од партијата да ја обедини партијата и да ги придобие оние кои на крајот ќе бидат база од која тој ќе оперира.

Претседателот не го поддржа формално МекКеин, но кажа дека би водел кампања во корист на оној што ќе биде номиниран.


МекКеин веќе има околу половина од делегатите што му требаат за да ја добие партиската номинација.

XS
SM
MD
LG